Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Марк Закерберг доби втора ќерка и сподели слатка фотографија со малото бебенце

Марк Закерберг доби втора ќерка и сподели слатка фотографија со малото бебенце

Марк Закерберг и Присила Чен станаа родители на уште едно девојче. Основачот на популарната социјална мрежа Facebook сподели дека неговата сопруга се породи и ја објави првата фотографија со новороденчето.

На семејната фотографија, Присила Чен ја држи во рацете малата ќеркичка, која го доби името Август, додека во скутот на 33-годишниот милијардер седи поголемата ќерка Макс.

Марк и Присила

Заедно со фотографијата, парот сподели и писмо до штотуку роденото бебенце.

„Пресила и јас сме среќни што ѝ посакавме добредојде на нашата ќеркичка Огуст! Ние ѝ напишавме писмо за светот во кој се надеваме дека ќе порасне, со надеж дека нема да расте многу брзо.“

Драга Август,

Добредојде на свет! Јас и твојата мајка со возбуда чекаме да видиме што ќе станеш.

Кога сестра ти се роди, ние напишавме писмо за светот во кој таа, а сега и ти, се надеваме дека ќе растете – свет со подобро образование, помалку болести, посилни заедници и поголема еднаквост. Напишавме дека со целиот напредок на науката и технологијата, вашата генерација треба да има драматично подобри животи од нашите и ние имаме одговорност да се потрудиме тоа да се случи. Иако насловите во медиумите често се фокусираат на негативните работи, ние сè уште веруваме дека овие позитивни трендови ќе победат. Ние сме оптимисти за вашата генерација и иднината.

Но, наместо да зборуваме за растењето, сакаме да позборуваме за детството. Светот може да биде сериозно место. Затоа е многу важно да си издвојувате време за да одите надвор и да си играте.

Ќе бидеш зафатена кога ќе пораснеш, па се надевам дека ќе имаш време да ги помирисаш цвеќињата и да ги ставиш сите листови кои ги сакаш во твојата кофа сега. Се надевам дека ќе ги читаш омилените книги толку многу пати, што ќе започнеш да измислуваш свои приказни за ликовите. Се надевам дека ќе се возиш на вртелешка со Макс, сè дури не го скротите секое коњче во боја. Се надевам дека ќе трчате онолку кругови низ дневната соба и дворот, колку што сакате. И се надевам дека ќе дремнувате многупати. Се надевам дека си одлична спанка. И се надевам дека дури и во твоите соништа, ќе можеш да почувствуваш колку многу те сакаме.

Детството е магично. Само еднаш можеш да бидеш дете, па не го троши во грижи за иднината. Нè имаш нас за тоа и ние ќе направиме сè што можеме за да се осигуриме дека светот е подобро место за вас и сите деца во вашата генерација. Август, ние те сакаме премногу и сме возбудени што ќе тргнеме на оваа авантура со тебе. Ти посакуваме живот исполнет со радост, љубов и истата надеж која ти ни ја даваш нас.

Со љубов,
Мама и Тато.

Марк и Присила стапија во брак во мај 2012 година. Нивното прво дете се роди декември 2015.

Марк и Присила Присила и Марк

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11680 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.