Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Малата Харпер ѝ помогна на Викторија Бекам да дизајнира маица за хуманитарни цели

Малата Харпер ѝ помогна на Викторија Бекам да дизајнира маица за хуманитарни цели

Викторија Бекам креираше маица на која има цртеж од нејзината мала ќерка Харпер за да собере средства за борба против ХИВ/СИДА и да ја подигне свеста за овој вирус и болеста која е негов краен стадиум.

Викторија Бекам

Маиците, кои ги има во големини за деца и возрасни, се создадени по повод Светскиот ден за борба против СИДА, кој се одбележува на 1 декември, а собраните средства ќе бидат донирани на организациите UNAIDS и Born Free Africa.

Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам

Истиот цртеж на Харпер, Дејвид Бекам го има искористено како инспирација за тетоважа на својата дланка.

Apparently Harper is allowed to scribble on daddy

A photo posted by David Beckham (@davidbeckham) on

Поранешната членка на групата „Spice Girls“ често споделува фотографии од цртежите на Харпер.

Викторија е амбасадор на добрата волја на UNAIDS. На почетокот на октомври оваа година, таа ја посети Африка заедно со синот Бруклин Бекам за да го сврти светското внимание кон сиромаштијата и борбата со ХИВ/СИДА во Кенија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11216 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.