Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Викторија и Бруклин Бекам во хуманитарна посета на Кенија

ФОТО: Викторија и Бруклин Бекам во хуманитарна посета на Кенија

Викторија Бекам го врти светското внимание кон сиромаштијата и борбата со ХИВ/СИДА во Кенија.

42-годишната дизајнерка, која е амбасадор на добрата волја на UNAIDS, и нејзиниот најстар син Бруклин Бекам отпатуваа во Африка во рамките на кампањата „Beyond Zero“ спроведена од првата дама на Кенија, Маргарет Кенијата. Викторија и Бруклин посетија клиники во кои се лекуваат деца и родители заразени со ХИВ со цел да научат повеќе за третманите и терапиите кои им се достапни на тие лица.

Славната сопруга на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам на Instagram сподели фотографии од посетата.

Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам

„Ова е почеток на важно патување за мене. Како жена и мајка, имам одговорност да ги поддржувам другите жени. Чест ми е и горда сум што работам со UNAIDS за да собереме средства и да ја подигнеме свеста за поддршка на жените и децата засегнати од ХИВ“ – изјави Викторија.

Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам

На една од клиниките, Бруклин запозна бебенце кое го носи неговото име и сподели слатка фотографија на која го држи новороденчето. „Му се поклонувам на најинспиративното семејство кое управува со клиниката New Life Home Trust. Чест ми е што го запознав новороденчето Бруклин“ – напиша тој во описот.

Бруклин Бекам Дете од Кенија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.