Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Македонски славни личности со емотивни пораки по смртта на маестро Александар Џамбазов

Македонски славни личности со емотивни пораки по смртта на маестро Александар Џамбазов

Македонската јавност денес е растажена од веста за смртта на маестро Александар Џамбазов.

Талентираниот композитор беше почитуван и ценет од своите колеги и соработници, па многу славни личности објавија пораки на социјалните мрежи по неговата смрт.

Каролина Гочева сподели заедничка фотографија и напиша: „Што муабет се изнаправивме овде... Почивај во мир наш маестро, кроток и добар чичко Ацо“.

Каролина

Гочева му изрази сочувство и на Игор Џамбазов во коментар на неговиот пост.

Каролина

Илина Арсова објави фотографија со Александар и Игор и порача: „Ние вака ќе си се памтиме, насмеани и ведри, а Маестро секогаш спремен со неисцрпна колекција на анегдоти и вицови. Вечна ти слава, еден и единствен @maestrodzambo“.

Весна Петрушевска објави фотографија и напиша: „Единствениот маестро за мене во мојот живот, кроток, мил, зборлест, духовит, вечно вљубен во својата Анче, постојано загрижен за своите Тања и Игор... што седења сме си имале пред Војна болница кога Игор имаше проблеми со здравјето, колку тајни ми има кажано за македонските пејачи затоа што бев многу љубопитна. Секогаш имаше по некој виц да ти раскаже и по некоја приказна од својот арсенал. Те сакам мој мој маестро и треба да си во алејата на великаните без збор!!!! Игор и Татјана Џамбазови моето најдлабоко сочуство. Чичко Ацо баци ми ја Анче.“

„Почивај во мир МАЕСТРО“ – напиша Тамара Тодевска.

Џамбазов

„Прими сочувство Игор, златен човек беше татко ти“ – вака Елена Ристеска му изрази сочувство на Игор Џамбазов. во коментар.

Џамбазов

„Светол пат“ – напиша Викторија Лоба.

лоба Џамбазов

„Нека почива во мир. Сочувство до тебе Игор и до целото семејство. Легендите вечно ќе живеат помеѓу нас“ – стои во коментарот на Димитар Андоновски.

Џамбазов

Дани Димитровска напиша: „Вечна ти слава Маестро.“

Дани

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26468 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.