Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Лузните на лицето се показател за раните на душата“: Ана Николиќ се огласи за видеото од раните на лицето и обвинувањата дека се дрогира

„Лузните на лицето се показател за раните на душата“: Ана Николиќ се огласи за видеото од раните на лицето и обвинувањата дека се дрогира

Ана Николиќ деновиве е сред скандал откако се појавија приватни видеа во кои таа покажува дека лицето ѝ е во загрижувачка состојба, а беше и обвинета дека се дрогира од страна на нејзиниот поранешен менаџер Саша Мирковиќ.

Многу фанови на српската пејачка беа фрапирани кога пред два дена се распространија видеа на кои се гледа дека таа има големи „кратери“ на челото и бара помош.

„Дали гледаш дека имам кратери на лицето? Ова започнува да е ноќна мора. Ова сама не можам да го прикријам. Имам 100 динари на сметката, те молам направи нешто за мојата младост. Јас вака не можам ништо да снимам“ – вели таа во едно од видеата.

Ана Николиќ Ана Николиќ
@un_po2_ #duet s @HYPE TV #fyp #foryou #tik_tok #foryoupage #srbija #srbijatiktok #viral #viraltiktok #trending #trend #ananikolic #virall #tiktokbalkan #tiktoknews #zatebe #zatebestrana #zatebestranica #balkan #balkantiktok ♬ original sound - HYPE TV

По многуте реакции на социјалните медиуми, Николиќ се огласи на Instagram.

„Неизмерно ви благодарам на сите кои ми испративте толку голема поддршка. Понекогаш не сум свесна колку ве има кои ме сакате. Знаете дека не сакам многу да зборувам за приватниот живот, но тоа не значи дека не поминав низ бура. Различни приватни бури. Не ја прифаќам улогата на жртва, јас секогаш сум избирала да бидам победник. Но, човек се изморува. И најсилните паѓаат. Не мислам дека тоа што не те убива те прави посилен. Лузните на лицето се мали показатели за сите рани на душата“ – напиша таа.

Николиќ ги искоментира и обвинувањата дека се дрогира од страна на Саша Мирковиќ, со кого ја прекина соработката. „Ало, ќе му објасни некој на овој идиот дека ќе оди во затвор? Човекот тврди будалаштини, кои се поткрепени со ништо. Саша Мирковиќ, експерт за дрога? Ова е срамота. Јас и дрога.... Стварно нема смисла. Се ежам од тие зборови. Нема да соработувам со вакви луѓе... Последен пат ќе повторам дека никогаш немам пробано никаков тип на опијати. Овие лажни обвинувања освен што ме деградираат како личност, како мајка и како жена... и ме растажуваат“ – порачува таа.

Додека некои шпекулираа дека кожата на лицето на Ана е последица на употреба на наркотици, некои експерти излегоа со објаснување дека станува збор за лоши ласерски третмани.

Ана Николиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25597 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.