Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Линдзи падна врз кактус, а потоа ги обвини папараците

Линдзи падна врз кактус, а потоа ги обвини папараците

По уште една ноќ помината низ клубовите со пријателите, Линдзи Лохан се упатуваше во куќата на свој пријател да ја продолжи забавата, кога еден кактус, неколку блицови од папараците и високите потпетици ја спречија во тоа.

Најверојатно зашеметена од алкохол Линдзи не успеа да се задржи стабилна на своите убиствено високи потпетици и падна врз кактус, додека папараците продолжија да го овековечуваат моментот.

Линдзи Лохан

Проблематичната актерка мораше да добие помош за да се исправи повторно на нозе.

Линдзи Лохан

Но, за Линдзи не беше проблем само влегувањето на приватната забава. Кога забавата заврши во 5.30 утрото, таа мораше да биде придружена од двајца полицајци за да стигне до автомобилот. И овој пат малку се зашемети, но успеа да задржи рамнотежа, додека ги обвинуваше папараците дека ја турнаа.

Линдзи ЛоханЛиндзи не изгледаше стабилно ниту кога ја напушташе забавата.

За да се оправда пред своите обожаватели дека овој засрамувачки момент не бил резултат на алкохолот, Линдзи на Tweeter напиша:

Само јас може да бидам турната врз големо остро растение од луди папараци!!! Мора да започнам почесто да носам балетанки.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.