Линдзи Лохан ќе стане мајка. Славната актерка ја сподели среќната вест дека го очекува првото дете со сопругот Бадер Шамас преку објава на Instagram.
Таа сподели фотографија од бебешко боди и во описот напиша: „Благословени сме и возбудени“.




Линдзи откри пред јавноста дека стапи во брак со Бадер преку Instagram објава минатата година.