Се породи Линдзи Лохан. 37-годишната актерка го доби првото дете со сопругот Бадер Шамас.
Парот му посака добредојде на овој свет на синчето кое ќе се вика Луај.
Според странските медиуми, Линдзи се породила во Дубаи, каде што живее со Бадер. На арапски, името на новороденчето значи „заштитник“.

Пред неколку дена, Лохан ја покажа детската соба за својот син.


Линдзи стапи во брак со Бадер во април минатата година.



