Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Линдзи Лохан се плаши од својот татко

Линдзи Лохан се плаши од својот татко

Линдзи ЛоханЛиндзи Лохан

Младата актерка Линдзи Лохан не престанува да биде дел од насловните страници на таблоидите. Според најновите информации, таа наводно се плаши од тоа што сè може да направи нејзиниот татко со цел да ја спаси од зависноста од лекови.

Инспириран од постапките на таткото на Бритни Спирс, кој успеал да ја врати својата ќерка на прав пат, Мајкл Лохан изјавил во медиумите дека дури и би ја киднапирал Линдзи само и само за да ѝ помогне.

„Ако судот не преземе нешто, ќе ја однесам на тајна локација и ќе ја извадам на прав пат. Но, знам дека ако го направам тоа ќе бидам обвинет за киднапирање.“

После ваквата изјава на татко ѝ, интернет сајтот Radar Online објави дека Линдзи побарала од нејзиниот адвокат да започне процес за добивање на забрана за приближување на нејзиниот татко.

Кога Мајкл Лохан дознал за намерите на скандалозната актерка, тој целата вина ја префрлил на неговата бивша жена (Дина Лохан) и ја обвинил дека таа стои зад идејата за издавање на забрана за приближување.

„Дина ѝ кажа да побара забрана за приближување. Но, знаете што? Јас сепак ќе направам сè што можам со помош на судот за Линдзи да биде подобро.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11049 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.