Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Линда Еванџелиста ја сними првата фотосесија откако сподели дека е трајно деформирана од козметички третман

Линда Еванџелиста ја сними првата фотосесија откако сподели дека е трајно деформирана од козметички третман

Линда Еванџелиста со години беше повлечена од јавниот живот, а неодамна откри пред сите дека причината за тоа се непоправливите последици од козметичка интервенција.

Поради третманот CoolSculpting, кој се промовира како неинвазивна липосукција, 56-годишната манекенка останала трајно деформирана. Наместо да ѝ ги намали масните клетки, третманот резултирал со редок страничен ефект (Парадоксална масна хиперплазија) и ѝ ги зголемил мастите во телото.

Гледајќи дека нејзиното тело трупа тврди масни наслаги по естетската процедура, Линда решила да држи диета за да ослабне, но дури и изгладнувањето не ѝ помагало. Тогаш таа се консултирала со доктор кој ѝ потврдил дека ниту диетите ниту вежбањето нема да вродат со плод и дека ќе мора да живее со негативниот исход.

Откако со години се криеше и страдаше од депресија, Линда сега застана под медиумските рефлектори, сними фотосесија и се отвори за емотивната и физичката болка.

Линда Еванџелиста Линда Еванџелиста

„Повеќе не се гледам во огледалото. Не личам на себе. Обожавав да сум на пистата. Сега ме ужаснува помислата да наидам на некој што го познавам. Не можам повеќе да живеам вака, во криење и во срам. Не можев повеќе да живеам во оваа болка. Конечно сакам да зборувам за ова“ – изјави таа во интервју за People.

„Ако шетам во фустан без мидер, ни се трие кожата до крварење, затоа што не е како да се тријат меки масти, туку како да се тријат тврди наслаги“ – појасни таа.

Линда Еванџелиста Линда Еванџелиста Линда Еванџелиста Линда Еванџелиста

Линда започна судски спор и бара оштета од 50 милиони долари, повикувајќи се на фактот дека не можела да работи поради последиците од третманот.

„Се надевам дека ќе се ослободам од дел од срамот и ќе им помогнам да други луѓе кои се во иста ситуација. Тоа ми е целта“ – рекла таа.

Линда Еванџелиста Линда Еванџелиста

Линда беше дел од „оригиналните супермодели“ од 90-тите години и беше една од најбараните и најпрепознатливите лица во модната индустрија.

Линда Еванџелиста Линда Еванџелиста Линда Еванџелиста

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11561 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.