Почетна » Новости » Животни стории » Линда Еванџелиста откри дека на 16 години ѝ барале да се соблече гола и дека била малтретирана од сопругот

Линда Еванџелиста откри дека на 16 години ѝ барале да се соблече гола и дека била малтретирана од сопругот

Линда Еванџелиста се отвори за лоши моменти од нејзиниот живот.

Во документарецот „The Super Models“, 58-годишната манекенка откри дека имала само 16 години кога од неа било побарано да позира гола за време на патување во Јапонија, како и дека поранешниот сопруг ја малтретирал.

Линда Еванџелиста

Линда сè уште се прашува како мајка ѝ и татко ѝ дозволиле сама да оди во Јапонија, каде се преплашила кога ѝ рекле да се соблече гола.

„Иронично е што моите родители ми дозволија да одам во Јапонија кога имав 16 години и имав договор како модел. Не ме пуштија да одам на училишно ски патување, но ми дозволија да одам во Јапонија.“

„Кога стигнав во Јапонија, првото нешто што побараа беа голи фотографии и сакаа да се соблечам гола за да ме измерат. Не сакав да се соблечам. Бев преплашена. Никогаш не требаше да одам таму сама. Се вратив дома и за малку ќе се откажев“ – раскажала Линда.

Линда Еванџелиста

Супермоделот, кој во 90-тите години, мамеше воздишки на модните писти, откри дека нејзиниот бивши сопруг Џералд Мари ја малтретирал.

Линда Еванџелиста Линда Еванџелиста

„Научив дека можеби бев во погрешна врска. Полесно е да се каже одошто да се излезе од насилна врска. Го разбирам тој концепт затоа што го преживеав. Кога само би можело да се рече: ‘Сакам развод, довидување...’ Но, не функционира така.“

„Знаеше дека не треба да ми го допира лицето, бидејќи тоа правеше пари, разбирате?“

„Се омажив со него кога имав 22 години, а заминав кога имав 27. Ме пушти да си одам дури кога доби сè. Но, бев безбедна и ја имав мојата слобода“ – рекла таа.

Линда Еванџелиста Линда Еванџелиста

Мари, кој беше директор на европскиот огранок на модната агенција „Elite Model Management“, беше обвинет од седум жени во 2020 година за силување и сексуална злоупотреба. Линда изјави дека им верува на тие жени и ги пофали за храброста и силата.

„Благодарение на силата на сите овие жени, Бог да ги благослови, сега имам храброст да зборувам. Би сакала правдата да биде задоволена. Би сакала таквите кретени двапати да размислуваат и да се плашат и би сакала жените да знаат дека не се сами“ – додала Линда.

Еванџелиста беше во брак со Џералд од 1987 до 1993 година.

Линда Еванџелиста Линда Еванџелиста

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11251 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.