Почетна » Новости » Животни стории » „Брутално сум обезличена“: Моделот Линда Еванџелиста сподели дека е трајно деформирана од козметичка интервенција

„Брутално сум обезличена“: Моделот Линда Еванџелиста сподели дека е трајно деформирана од козметичка интервенција

Естетските зафати неретко имаат и непосакувани странични ефекти.

Линда Еванџелиста објави дека била жртва на третман за убавина, кој наместо да ѝ го подобри изгледот, трајно и брутално ја обезличил. Воедно, тоа било причината за нејзиното отсуство од јавниот живот.

Линда ЕванџелистаЛинда Еванџелиста во 2017 година (лево) и во 2005 година (десно)

56-годишната манекенка, која беше дел од „оригиналните супермодели“ од 90-тите години, тврди дека изгледа непрепознатливо откако масните клетки ѝ се зголемиле, наместо да ѝ се намалат како што ветувала интервенцијата.

Линда ЕванџелистаЛинда во 2017 година (лево) и во 1990 година (десно) Линда Еванџелиста Линда ЕванџелистаЛинда Еванџелиста фотографирана во 2016 година, непосредно по процедурата Линда Еванџелиста

Во објава на Instagram, таа објасни дека добила Парадоксална масна хиперплазија, а како резултат на тоа, страдала и од депресија. Линда започна правен спор кој се надева дека ќе ја ослободи од срамот кој го чувствува.

Денес, направив голем чекор кон исправување на грешката поради која страдав, а ја чував во себе повеќе од пет години. До моите следбеници кои се прашуваат зошто не работам додека цути кариерата на моите врснички, причината е што бев брутално обезличена од процедурата CoolSculpting на Zeltiq, која доведе до спротивното од она што ветуваше. Процедурата ми ги зголеми, наместо да ми ги намали, масните клетки и трајно ме деформира иако поминав две болни, неуспешни, корективни операции. Останав, како што ме опишуваат медиумите, „непрепознатлива“.

Развив Парадоксална масна хиперплазија, ризик за кој не бев информирана пред процедурата. Тоа не само што ми ги уништи можностите за заработка, туку ме вовлече во циклус на длабока депресија, длабока тага и во најдлабока самоомраза. Во процесот, се осамотив. Со овој правен спор, продолжувам понатаму за да се ослободам од срамот и јавно ја кажувам мојата приказна. Изморена сум да живеам на овој начин. Би сакала да излезам низ мојата врата со крената глава и покрај тоа што не личам повеќе на себе.

Линда Еванџелиста

Линда редовно беше на листите на најубави жени на светот и беше топ модел кој ги разубавуваше насловните страници на врвните модни списанија.

Линда Еванџелиста Линда Еванџелиста Линда Еванџелиста Линда Еванџелиста

Откако ја сподели својата приказна, таа доби огромна поддршка од истакнати личности во модната индустрија како Синди Крафорд, Хелена Кристенсен, Џереми Скот и Наоми Кембел.

Линда Еванџелиста

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11169 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.