Лејди Гага има ново момче. 33-годишната пејачка беше фотографирана од папараците додека се бакнуваше со 37-годишниот аудио инженер Ден Хортон во ресторан во Калифорнија.
Познатата музичарка беше облечена во црна комбинација. Фотографиите ги објави списанието People.







Гага раскина со вереникот Кристијан Карино во февруари оваа година, а долго време се зборуваше и дека таа е причината за разделбата на Бредли Купер и Ирина Шајк.
