Лејди Гага со стил се упати кон студиото на Џими Кимел за гостувањето во неговото шоу „Jimmy Kimmel Live!“.
35-годишната пејачка носеше мало црно фустанче со невообичаени ракави за интервјуто со познатиот водител. Креацијата е дело на американскиот дизајнер Кристијан Сиријано.







Гага зборуваше за нејзините почетоци во светот на актерството, за својот нов филм „House of Gucci“, за љубовните сцени со Салма Хајек и за настапот на Супер Боул.


