Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Леонардо, Бијонсе, Опра, Шер, Џорџ Клуни... ѕвездите се обединија за собирање средства за настраданите од ураганите Ирма и Харви

Леонардо, Бијонсе, Опра, Шер, Џорџ Клуни... ѕвездите се обединија за собирање средства за настраданите од ураганите Ирма и Харви

Славни личности од светот на шоу-бизнисот се обединија за да се соберат што повеќе средства за настраданите од ураганите Ирма и Харви. За време на едночасовната хуманитарна емисија „Hand in Hand hurricane relief benefit“ беа донирани 14 милиони долари, а досега сумата достигна до 44 милиони долари.

Леонардо Дикаприо, Опра, Бијонсе, Шер, Џеј Лено, Гвен Стефани, Џорџ Клуни, Стиви Вондер, Џастин Тимберлејк, Џастин Бибер, Лупита Нионго, Брус Вилис, Џаред Лето, Никол Кидман, Рис Витерспун, Џулија Робертс, Софија Вергара, Кејт Хадсон, Том Хенкс, Рита Вилсон, Стивен Колберт, Роберт Де Ниро, Џејми Фокс и Метју Меконахи беа дел од бројните ѕвезди кои побараа донации и испратија пораки за поддршка и обединетост.

Hand in Hand Hand in Hand Hand in Hand Hand in Hand

Бијонсе порача: „Во време кога е невозможно да гледате вести без да видите насилство и расизам во оваа земја. Токму кога ќе си помислиш дека не е возможно да стане полошо, природните катастрофи одземаат скапоцени животи, прават огромна штета и засекогаш менуваат животи, оставајќи зад себе контаминирана вода, поплавени болници, училишта и старечки домови. И безброј семејства сега се бездомни.“ „Природните катастрофи не дискриминираат. Не гледаат дали си имигрант, црн или бел, латино или азиец, евреин или муслиман, богат или сиромав. Сите сме заедно во ова. Гледајќи како сите, без оглед на раса, религија или социјален статус, си ги ризикуваат животите за да им помогнат на други да преживеат, ми ја врати вербата во човештвото. Ве молам дајте колку што можете.“

Многу од ѕвездите беа категорични дека ураганите се резултат на климатските промени. Стиви Вондер изјави: „Секој што верува дека не постои такво нешто како глобално затоплување, мора да е слеп или неинтелигентен“.

Hand in Hand Hand in Hand

Последиците од двата урагани се катастрофални. Во Тексас и Флорида штетите се проценуваат на 150-290 милијарди долари. Најмалку 70 лица загинаа во ураганот Харви, а 22 лица во САД ги изгубија животите заради ураганот Ирма.

Hand in Hand Hand in Hand Hand in Hand Hand in Hand Hand in Hand Hand in Hand Hand in Hand Hand in Hand Hand in Hand Hand in Hand Hand in Hand Hand in Hand Hand in Hand Hand in Hand Hand in Hand Hand in Hand Hand in Hand Hand in Hand Hand in Hand Hand in Hand Hand in Hand Hand in Hand Hand in Hand Hand in Hand Hand in Hand Hand in Hand Hand in Hand Hand in Hand Hand in Hand Hand in Hand

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.