Џенифер Лопез и Алекс Родригез се неразделни. 48-годишната ѕвезда и 42-годишниот поранешен спортист редовно тренираат заедно, а папараците не пропуштаат да ги фотографираат пред и по посетите на фитнес сала.
Облечена во шарени хеланки и кратка бела маичка, Лопез чекореше покрај својот партнер во Њујорк.
Алекс сподели и видеа од заедничките тренинзи со Лопез.