Марго Роби имаше одлична поддршка на премиерата на својот најнов филм „Babylon“.
32-годишната актерка зачекори на црвениот тепих во Лос Анџелес придружувана од својата мајка Сари Кеслер.
Холивудската ѕвезда и нејзината 65-годишна мајка привлекоа бран комплименти. Сега е јасно дека Марго ги наследи добрите гени од својата мајка.






Атрактивната креација која ја носеше Роби е дело на францускиот бренд Alaïa.








Марго позираше и со колегата од филмот Диего Калва.



„Babylon“ е новото дело на режисерот Дамиен Шазел, кој претходно доживеа голем успех со филмовите „La La Land“ и „Whiplash“.