Најстарата ќерка на Џенифер Гарнер е нејзина вистинска копија. Нови фотографии од 17-годишната Вајолет поттикнаа бројни коментари за нивната сличност.
Пред неколку дена, Вајолет беше на забава со својот татко Бен Афлек и Џенифер Лопез. Тие се фотографираа заедно, а фановите не можеа да се воздржат без да искоментираат.
„Ќерката на Бен Афлек БУКВАЛНО е близначка на мајка си Џенифер“, „Знам дека децата личат на родителите, но дали ДНК-та на Бен играше некаква улога“, „Мислев дека е Џен, многу ме збуни“ и „Сите ќе се согласиме дека тоа е Џенифер Гарнер, позирајќи како својата ќерка“ – се дел од коментарите.






Џенифер и Бен беа во брак 13 години. Тие се разведоа во 2018 година.

