Кристијано Роналдо со семејството се пресели во Саудиска Арабија каде ќе ја продолжи кариерата во Ал Наср.
Португалскиот фудбалер веќе го истражува Ријад заедно со Џорџина Родригез и децата. „Квалитетно време со моите сакани“ – пишува тој на Instagram во описот на фотографии од нивна прошетка и посета на луна парк во главниот град.


Џорџина не пропушти да го пофали нивното ново место на живеење. „Ријад, колку си убав“ – напиша таа на албум со фотографии.




Роналдо потпиша двегодишен договор со Ал Наср и стана најплатениот фудбалер во историјата.
Властите во Саудиска Арабија направија исклучок за Роналдо и Џорџина да можат да живеат заедно, бидејќи според нивните закони, не е дозволено маж и жена да живеат под ист покрив доколку не се во брак.