Веќе извесно време медиумите пренесуваа дека Кристијано Роналдо стана татко на близнаци благодарение на сурогат-мајка, но славниот фудбалер немаше дадено својот коментар за таа вест.
Пред неколку часа, 32-годишниот Португалец преку пост на Facebook потврди дека доби близначиња и призна дека е пресреќен што конечно ќе ги види за првпат.

„Му служев на националниот тим, како и секогаш, со тело и душа, и покрај тоа што моите две деца беа родени. За жал, не успеавме да ја постигнеме главната спортска цел, но сигурен сум дека ќе продолжиме да ги радуваме Португалците“ – напиша Роналдо, кој вчера го одигра последниот натпревар за тимот на Португалија на Купот на Конфедерациите.
„Пресреќен сум што конечно ќе можам да бидам со моите деца за првпат“ – додаде тој.
Успешниот спортист има и 7-годишен син, над кого има целосно старателство, но сè уште не е откриен идентитетот на неговата мајка.

Неодамна, Кристијано беше фотографиран со сегашната девојка Џорџина Родригез, а нејзиното заоблено стомаче поттикна гласини дека таа е во блажена состојба.




Првично, гласините за бременоста започнаа кога Кристијано ја објави првата фотографија со Џорџина на Instagram, на која и двајцата го држат нејзиното стомаче.