Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез очекуваат уште два мали членови кои ќе се приклучат на нивното семејство.
36-годишниот фудбалер и 27-годишниот модел со нетрпение чекаат да ги запознаат близначињата, а сега со слатко видео го открија нивниот пол.
Во видеозаписот, нивните четири нивни деца Кристијано Џуниор, Ева, Матео и Алана Мартина пукаат два балони кои откриваат дека едното бебенце е машко, а другото женско.
„Каде што започнува животот и љубовта никогаш не завршува“ – стои во описот на видеото.
На радоста на дечињата ѝ немаше крај.
Кристијано и Џорџина ја соопштија веста за бременоста со фотографија со снимка од ултразвук во октомври.
