Криси Тиген одблиску ја покажа новородената ќерка Ести Максин Стивенс и им ги растопи срцата на фановите, кои едногласно заклучија дека таа е преслатка.
37-годишниот модел сподели фотографија од лицето на своето трето дете кое се роди на 13 јануари годинава.

Претходно, Криси и нејзиниот сопруг Џон Леџенд објавија фотографија на која нивните две поголеми деца, Луна и Мајлс, го држат малото бебенце.

Криси и Џон подолго време се обидуваа да го прошират своето семејство. За жал, пред две и пол години, таа го изгуби синчето Џек во 20-тата недела од бременоста.
