Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Криси Тиген со фотографии објави дека е бремена две години по трагичната загуба на нероденото бебе

Криси Тиген со фотографии објави дека е бремена две години по трагичната загуба на нероденото бебе

Криси Тиген и Џон Леџенд конечно се израдуваа на прекрасна вест. Славниот пар го очекува своето трето дете, две години по трагичната загуба на бебето во 20-тата недела од бременоста.

36-годишниот модел објави фотографии од трудничкото стомаче и во описот напиша: „Изминатите неколку години беа исполнети со заматени емоции, но радоста повторно ги исполни нашиот дом и нашите срца. 1 милијарда инјекции подоцна (во последно време во ногата, како што можете да видите!) имаме уште едно бебе на пат. По секој преглед си велев: ‘Добро, ако е здраво денес, ќе ја објавам веста’, но тогаш дишев со олеснување кога ќе го слушнев чукањето на срцето и одлучував дека сè уште сум многу нервозна. Не мислам дека некогаш ќе излезам од преглед со поголема возбуда, отколку нервоза, но досега сè е совршено и убаво и се чувствувам надежно и прекрасно. Хух, ОК, беше многу тешко да се крие ова толку долго.“

Криси Тиген Криси Тиген

По објавувањето на веста за бременоста, Кристи беше фотографирана од папараците.

Криси Тиген Криси Тиген Криси Тиген Криси Тиген Криси Тиген Криси Тиген

Криси и Џон се родители и на 6-годишната Луна и 4-годишниот Мајлс кои се зачнати со ин витро. Претходно, тие 9 години неуспешно се обидувале да зачнат и оттогаш отворено зборуваат за вештачкото оплодување и проблемите со зачнувањето.

Криси Тиген Криси Тиген

Во август 2020 година, тие споделија дека го очекуваат третото дете, а на 1 октомври ја објавија трагичната вест за смртта на бебето во нејзината утроба.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10502 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.