За разлика од многу славни личности кои категорично одрекуваат дека „легнале под нож“ или не сакаат да зборуваат за пластичната хирургија, Криси Тиген отворено проговори за своето искуство.
34-годишната манекенка и писателка е ѕвездата на британското издание на Glamour, а во интервјуто зборуваше и за операцијата на градите.
„Да, си направив пластична операција на градите кога имав 20 години. Најмногу тоа беше за костимите за капење. Си мислев, ако позирам легната на грб, сакам да бидат подигнати! Но, потоа имаш бебиња и тие се полнат со млеко и се празнат и сега сум зафркната“ – рече таа.
На прашањето дали си ставила импланти за да си ја зголеми самодовербата, таа одговорила: „Искрено, ги зачував иста големина. Само ги наполнив за да бидат позаоблени и постегнати. Но, сега сакам да ги отстранам. Ако би можела да направам нешто, тоа би било лифтинг на градите. Мислам дека треба да ги заменуваш имплантите на секои 10 години. Но, кога имаш деца, размислуваш за ризиците од операцијата и си мислиш: ‘Не сакам така да умрам, на операција за гради’.“
Говорејќи за одржувањето на фигурата, таа вели: „Порано се мерев на вага секое утро, попладне и вечер. Знаев што ќе каже вагата по секој оброк. Го правев тоа 8 години и имаше одредена тежина кон која се придржував. Тоа се промени со Луна и навистина се промени со Мајлс, кога ми требаше една година за да се чувствувам комфорно со мојата нова нормална бројка.“
За воспитувањето на двете деца, Криси сподели: „Не се цензурираме кога зборуваме за телата. Нема табу кое оди заедно со зборовите пенис или вагина. Тоа е смешно. И се трудиш твоето момче да е ултимативен феминист, да ги сака и почитува жените. Мора да растат да бидат феминисти. Тоа е нашата иднина.“