Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Криси Тиген и Џон Леџенд со фотографија го претставија третото дете и му го открија името

Криси Тиген и Џон Леџенд со фотографија го претставија третото дете и му го открија името

Криси Тиген и Џон Леџенд имаат нов член во семејството. Популарниот пар го доби третото дете на 13 јануари, а сега го претстави пред светот.

37-годишниот модел сподели фотографија од малите наследници и објави дека добиле ќерка.

„Таа пристигна! Ести Максин Стивенс – куќата е раздвижена и нашето семејство не може да е посреќно. Тато рони ноќни солзи-радосници, гледајќи ги Луна и Мајлс како се полни со љубов, а јас учам дека и со царски рез ти требаат пелени. Во блаженство сме. Ви благодарам за сета љубов и убави желби – го чувствуваме сето тоа!“ – напиша таа.

Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд

Радосната вест доаѓа две и пол години откако Криси и Џон доживеаја голема трагедија, кога таа го изгуби бебето во 20-тата недела од бременоста.

Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26595 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.