Криси Тиген беше гостинка на „Vax Live: Концертот за реобединување на светот“, кој цели кон еднаква распределба на вакцините против коронавирусот низ светот.
На настанот кој се одржа во Калифорнија, 35-годишната сопруга на Џон Леџенд зачекори во креација од косовскиот дизајнер Валдрин Сахити.
На виолетовиот тепих се појави и нејзината ќеркичка Луна која срамежливо ѕиркаше од под нејзиниот фустан и го украде целото внимание.