Криси Тиген и Џон Леџенд беа дел од гостите на постоскаровската забава која секоја година ја организира Vanity Fair.
Во центарот за уметност „Волис Аненберг“ во Беверли Хилс, 37-годишниот модел блесна покрај 44-годишниот пејач во креација со пердуви на ракавите од Зухаир Мурад и сандали од брендот Le Silla. Таа ја покажа новата црвена боја на косата.









Криси пред два месеци го роди своето трето дете, ќеркичката Ести.