Кортни Кардашијан ужива во четвртата бременост.
44-годишната риалити ѕвезда од „The Kardashians“ беше фотографирана на романтична прошетка на плажа во Санта Барбара со сопругот Тревис Баркер. Таа беше облечена во тесен бел комбинезон кој ѝ го истакна пораснатото трудничко стомаче.









Кортни е мајка на 13-годишниот Мејсон, 10-годишната Пенелопе и 8-годишниот Рејн од врската со Скот Дисик.
Партнерите стапија во брак во Италија во мај минатата година. Тие го очекуваат нивното прво заедничко дете.
