Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Копија на тато: Синот на Лук Пери на премиерата на последниот филм на татко си „Once Upon a Time In Hollywood“

Копија на тато: Синот на Лук Пери на премиерата на последниот филм на татко си „Once Upon a Time In Hollywood“

Џек Пери беше дел од гостите на премиерата на „Once Upon a Time In Hollywood“ во Лос Анџелес.

Синот на прерано починатиот актер Лук Пери, познат по улогата на Дилан во „Беверли Хилс 90210“, присуствуваше на премиерата на последниот филм кој татко му го сними пред смртта. Фановите не пропуштија да искоментираат за нивната сличност.

Џек Пери

Џек беше придружуван од мајка си Рејчел Шарп, со која Лук беше во брак од 1993-2003 година и со која имаше уште една ќерка.

Џек Пери Џек Пери Џек Пери

Пред да се упати на премиера, 22-годишното момче сними видео на кое се искачува на билборд со ликот на татко му. „Голема премиера вечерва. Тој го заслужи ова и многу сум горд поради тоа. Најдобриот меѓу најдобрите. Те сакам засекогаш“ – напиша Џек во описот.

Џек Пери Џек Пери

Лук почина ненадејно во март годинава како последица на мозочен удар. Имаше 52 години.

Лук Пери Лук Пери Џек Пери Џек Пери Џек Пери

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11125 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.