Ким Кардашијан неретко привлекува внимание со голотија, но покажа дека умее да сврти погледи и фотоапарати и кога е тотално прекриена од глава до пети.
Ѕвездата од „Keeping Up With the Kardashians“ на Мет Гала се појави во црн аутфит од Баленсијага и инстантно размрда многу усни. На свеченоста, таа присуствуваше заедно со дизајнерот Демна Гвасалија, кој исто така настапи „инкогнито“.
Непосредно пред хуманитарната гала, Ким пристигна во Њујорк во уште една комбинација која ѝ го покриваше секој сантиметар кожа.
Ким ја започна оваа своја модна етапа на промоцијата на најновиот албум на Кание Вест, „Donda“.