Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кетрин Зета-Џонс со фотографии и порака ѝ го честиташе 18-тиот роденден на ќерка си Карис

Кетрин Зета-Џонс со фотографии и порака ѝ го честиташе 18-тиот роденден на ќерка си Карис

Ќерката на холивудските ѕвезди Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас наполни 18 години.

За да ѝ го честита роденденот на Карис, славната актерка сподели фотографии од семејниот албум на Instagram, заедно со порака.

„Среќен 18-ти роденден Карис Зета! Ти си сè и сè е ти. Ти благодарам за радоста која ми ја носиш. Во 5 часот утрово ти ми испрати порака за да ми се заблагодариш што те родив. Ти си таков тип на жена. Љубезна. Твојата мудрост ги надминува твоите години. Твојата убавина е длабока и твоето срце е големо за да го сака и обвие цел свет. Твојата смисла за хумор, многу важно, е ненадминлива. Можам да продолжам да набројувам... Можеш малку да поработиш на јапонскиот јазик... Те сакам ангелу, Мама“ – стои во описот.

Кетрин и Карис Кетрин и Карис

Честопати, Карис е нарекувана мини-копија на мајка си, бидејќи многу наликувала на Кетрин кога била во тинејџерските години.

Карис и Кетрин заедно посетуваат модни настани и снимаат фотосесии.

Кетрин и Карис Кетрин и Карис Кетрин и Карис Кетрин и Карис Кетрин и Карис Кетрин и Карис

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.