Во својот роден град, Кетрин Зета-Џонс беше почестена со наградата „Freedom of the City of Swansea“, која им се доделува на успешни личности, како признание за нивните достигнувања кои носат голема гордост за градот.
На церемонијата во Свонси, 49-годишната актерка беше придружувана од сопругот Мајкл Даглас и синот Дилан. Шармантната холивудска ѕвезда изгледаше прекрасно во елегантен црвен фустан.






Зета-Џонс го прими признанието на свечен настан на кој се појави во розова креација од Кристијан Сиријано.











