Кети Пери импресионираше на црвениот тепих на настан во Лос Анџелес.
На премиерата на роденденскиот специјал на ТВ шоуто „Carol Burnett: 90 Years of Laughter + Love“, 38-годишната пејачка изгледаше гламурозно во кадифен фустан од Боб Меки од 1989 година. Кети доби бројни комплименти за изгледот.










Пред неколку дена, на интернет стана вирален хит реакцијата на Пери во „American Idol“, кога на аудиција се појави момче сведок на пукање во училиште во Тексас во 2018 година. Натпреварувачот раскажа дека во нападот биле убиени осум ученици и двајца учители.
Емотивната пејачка не можеше да си ги задржи солзите, викајќи: „Државата нè изневери... Не требаше да изгубиш осум пријатели! Се надевам дека ќе ги потсетиш луѓето дека треба да се промениме! Бидејќи и јас сум исплашена“.