Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кели Озборн послаба за 20 килограми

Кели Озборн послаба за 20 килограми

Ако ја помните Кели Озборн како досадна буцкаста девојка облечена во црно од „Шоуто на Озборнови“, сега ќе бидете навистина изненадени од нејзиниот изглед. Популарната ќерка на Ози Озборн успеа да ослаби 20 килограми и целосно го промени својот изглед.

Кели Озборн Кели Озборн

23-годишната пејачка досега три пати имала посетено клиника за рехабилитација од дрога и алкохол, но тие зависности не ѝ претставувале толку голем проблем, како што ѝ претставувал проблемот со тежината.

За списанието Us Weekly Кели изјавила: „Поминав низ поголем пекол поради тоа што бев дебела, отколку поради тоа што бев апсолутен зависник од дрога. Никогаш нема да можам да го разберам тоа“.

Кели Озборн гордо се пофалила дека со помош на редовно вежбање и диета за контрола на порциите успеала да се ослободи од 20 килограми. „Многу сум горда да се погледнам во огледало и да не мразам сè што гледам. Повеќе не си мислам – зошто не изгледам како оваа девојка или како онаа“.

Навистина импресивна промена на младата Озборн.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9484 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.