Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Кели Озборн во бикини откако ослабе 30 килограми

ФОТО: Кели Озборн во бикини откако ослабе 30 килограми

Пред неколку години Кели Озборн се бореше со прекумерната телесна тежина и за неа било незамисливо да се соблече по бикини. Но денес, 28-годишната ѕвезда со виолетова коса гордо го покажува своето тело во бикини во новото издание на британското списание „Cosmopolitan Body“.

Кели изјавила дека е особено горда што успеала да симне над 30 килограми и да ја одржи новата фигура.

Кели Озборн

„Луѓето мислат дека тоа што ослабев ме направи посреќна. Тоа не е точно. Прво морав да научам да се сакам себеси“ – рекла таа.

И покрај големата трансформација, Кели вели не пронајде магичен трик за слабеење, туку дека постојано внимава на храната, внесувајќи умерено покалорични јадења како пица и торта.

Познатата ќерка на Ози и Шерон Озборн тврди дека нејзината нова фигура е резултат и на секојдневно вежбање. „Кога започнав да вежбам, не можев да направам ниту една вежба за стомачни. На крајот на првата седмица можев да направам три и тоа беше постигнување за мене. Сега вежбам секој ден и не се чувствувам добро ако го пропуштам“ – изјавила таа.

Кели Озборн

„Никогаш нема да бидам личност која си мисли дека е жешка. Не сакам да бидам. Но, научив да се почитувам и сакам себеси – нешто што мислев дека никогаш нема да бидам способна да го направам“ – дополнила таа.

Кели Озборн

Кога на почетокот на годината успеала без проблеми да го облече фустанот кој Зак Посен го пратил специјално за неа за Еми наградите, таа била пресреќна. „Го ставив фустанот и кога се погледнав во огледалото, заплакав. Никогаш во животот не си мислев дека Зак Посен ќе испрати фустан за мене, кога може да го даде на која било од номинираните. Ми беше совршено точен!“ – раскажала Кели.

Кели ОзборнКели пред да започне да слабее Кели во фустанот на Зак Посен на „Еми 2012“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9474 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.