Џенифер Лопез плени со летните модни комбинации, а нејзиниот најнов аутфит ѝ донесе свеж бран комплименти.
За ручек со пријатели во Лос Анџелес, 53-годишната ѕвезда избра широк комбинезон со разголен грб во воочлива црвена нијанса, а го искомбинира со обувки на платформа од Гучи и чанта од Ермес.










Лопез беше фотографирана и додека разгледуваше во салон за мебел, веројатно за опремување на новата куќа која ја купи со Бен Афлек.

