Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кајли Џенер призна дека си има направено пластична операција на градите, се кае за имплантите

Кајли Џенер призна дека си има направено пластична операција на градите, се кае за имплантите

Кајли Џенер повеќе не крие дека си ги има зголемено градите со хируршки зафат.

Кајли Џенер Кајли Џенер Кајли Џенер

25-годишната ѕвезда од „The Kardashians“ призна дека си стави импланти како тинејџерка, месеци пред да забремени со ќеркичката Сторми. Во последната епизода од третата сезона на популарното риалити шоу, Кајли разговараше со својата пријателка Анастасија и ѝ рече:

„Знаеш дека си ги зголемив градите пред Сторми. Шест месеци пред да ја имам Сторми не мислев дека ќе имам дете на 20 години, тие сè уште ми заздравуваа“.

Кајли Џенер Кајли Џенер

„Имав убави гради, природни гради, едноставно прекрасни, совршена големина, совршено сè и посакувам да не ги имав зголемено. На сите кои размислуваат за тоа, би им препорачала да почекаат за откако ќе родат деца“ – рече Џенер, чии ставови за пластичната операција се промениле со мајчинството.

„И јас имам ќерка и би ми се скршило срцето кога таа би посакала да си го коригира телото на 19 години. Таа е најубавото нешто што постои. Сакам да ѝ бидам најдобрата мајка и најдобриот пример“.

Кајли Џенер Кајли Џенер

Следбениците на Кајли започнаа да се сомневаат дека таа си ги има зголемено градите уште во 2015 година, но таа ги негираше тие тврдења.

„Сакав да направам промена, но не. Не си ставив импланти на градите. Вистината е дека пораснав, качив 7 килограми и телото ми се промени“ – рече тогаш таа.

Кајли Џенер

Кајли стана мајка во 2018 година, а во февруари 2022 година го роди второто дете од врската со Тревис Скот.

Кајли Џенер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26693 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.