Каја Гербер и Остин Батлер беа еден од славните парови на постоскаровската забава на Vanity Fair.
На настанот, кој се одржа во центарот за уметност „Волис Аненберг“, 21-годишната ќерка на Синди Крафорд и 31-годишниот актер прегрнати позираа пред бројните фоторепортери.
Убавата манекенка носеше блескав фустан од Celine, додека ѕвездата која го портретираше Елвис Присли во филмот „Elvis“ избра костум од Сен Лоран.











Остин беше номиниран за Оскар за улогата во „Elvis“, но не успеа да ја освои статуетката.
