Каролина Гочева буквално блескаше на сцената во Македонската филхармонија. За концертот со своите долгогодишни соработници Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски, славната пејачка избра гламурозен стајлинг.
На сцената, 42-годишната музичка ѕвезда се појави во светкав фустан со разголен грб. Својот изглед, Каролина го надополни со елегантна фризура и впечатливи обетки.
































Ова беше првиот од петте концерти кои ќе ги одржат Каролина, Дуке и Исмаил во Филхармонија, за промоција на нивниот заеднички албум „Песни за љубов и копнеж“.
Фотографии: Александар Буневски / Femina.mk