Калиопи го прослави својот 56-ти роденден.
Македонската музичка дива објави летна фотографија сред зима за да го одбележи овој специјален ден. На неа, Калиопи позира во костим за капење на плажа.
Прочитајте ја и нејзината порака:
Дојде и овој ден!
Дали сум на море? Не!
Дали би сакала да бидам? Да!
Дали им се радувам на годиниве? Да!
Дали би сакала да бидат помалку? Не!
Дали сум задоволна со мојот живот? Да!
Дали би сменила нешто? Не!
Затоа што за сите овие години, со сите мои раѓања и паѓања, мојот живот има смисла колку на оваа фотографија, за која сигурно не ви е јасно зошто токму една летна во зима.
Е па, затоа што токму таков е и мојот живот! А јас, се разбира, преблагодарна!
Ве сака Опи!
Во коментарите на постот, Калиопи доби бројни честитки од своите колеги и пријатели:
„Најдрага Опи да си ни жива и здрава уште сто години, а твоите дела да говорат за тебе и твоето постоење уште милион години. Те сакам“ – ѝ напиша Елена Ристеска.
„Среќен роденден наааајнајнајмила Калиопи“ – е коментарот на Јана Бурческа.
Александра Радовиќ ѝ напиша: „Преубава, снажна жено, среќен ти роденден! Остани дете во срцето“.
„Драга Калиопи, ти посакувам среќен роденден од срце. Те сака твојот пријател“ – напиша Жељко Самарџиќ.