Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Каков благослов“: Калиопи трогната од изненадувањето на Милица Тодоровиќ, која ѝ пееше под балкон

„Каков благослов“: Калиопи трогната од изненадувањето на Милица Тодоровиќ, која ѝ пееше под балкон

Калиопи од срце се радуваше на изненадувањето кое ѝ го приреди Милица Тодоровиќ.

30-годишната српска пејачка без да ѝ каже на Калиопи допатувала во Скопје и ѝ отпеа една од омилените песни под балкон. Нашата музичарка не можеше да си ја сокрие возбудата во текстот кој го напиша на фотографиите и видеото од случката.

„Знаете дека секогаш го споделувам со вас малото слатко „лудило“ на мојот свет... Но, таа е повеќе од тоа... Мојата сакана Милица ми приготви вистинско изненадување. Тивко, без мое знаење, дојде во мојот град и како да е најголемиот трубадур, ме покани на балконот со песна што ја сакам многу и која го зајакнува нашето пријателство... Каква радост, каков благослов. Те сакам, девојко! Ти си уникатен, прекрасен дар за овој свет... Се гордеам со тебе“ – напиша Калиопи.

Калиопи и Милица Тодоровиќ Калиопи и Милица Тодоровиќ

Двете пријателки минатиот месец се дружеа во Белград.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27743 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.