Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Калиопи го покажа моќниот глас на првата проба во Баку

ВИДЕО: Калиопи го покажа моќниот глас на првата проба во Баку

Калиопи ја имаше првата проба на големата сцена во „Кристалната сала“ во Баку, Азербејџан. Нашата претставничка самоуверено го покажа својот талент, изведувајќи ја рок баладата „Црно и бело“.

45-годишната поп ѕвезда на втората полуфинална вечер на 24 мај ќе пее на македонски јазик, а на сцената ќе биде придружувана од пет музичари.

Пред првата проба на сцената, Калиопи споделила дека се чувствува одлично во Азербејџан поради топлиот пречек.

„Летот со авион беше најлошиот дел, отсекогаш сум била нервозна кога требало да летам. Но, гостопримството на луѓето тука е неверојатно, тие се толку пријателски расположени што веднаш се почувствував како дома“ – изјавила Калиопи за Eurovision.tv по пристигнувањето во Баку.

Калиопи е на сцената од мало дете, па во интервјуто таа потенцирала дека тремата за неа не претставува проблем. „Немам трема. Не е важно колкава е твојата публика, сцената е сцена, независно дали настапуваш за 3 или 30.000 или 3 милиони луѓе“ – изјавила таа.

Погледнете ја првата проба на Калиопи:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9480 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.