Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ијан Сомерхалдер со фотографија на која ѝ го бакнува стомачето на Ники Рид објави дека очекуваат дете

Ијан Сомерхалдер со фотографија на која ѝ го бакнува стомачето на Ники Рид објави дека очекуваат дете

Ијан Сомерхалдер и Ники Рид ќе станат родители. 38-годишниот актер сподели фотографија на која ѝ го бакнува трудничкото стомаче на својата сопруга и со слатка порака го најави проширувањето на семејството.

Ијан и Ники

„Во моите 38 години на оваа Земја, никогаш не сум доживеал нешто помоќно и поубаво од ова. Не можам да си замислам нешто повозбудливо од наредното поглавје и сакавме да дознаете од нас.“

„Ова е најспецијално време во нашите животи и сакавме да го чуваме само за нас тројцата колку што е можно подолго, за да можеме да уживаме еден со друг и со нашето малечко кое расте многу брзо... оти токму тоа го прават, растат брзо. Благодарам за вашата добра енергија“ – напиша тој.

Минатата недела парот ја прослави втората годишнина од бракот. По тој повод, актерите споделија фотографии од свадбата и со слатки пораки ја изразија љубовта која ја имаат еден за друг.

Ијан и Ники Ијан и Ники

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11083 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.