Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ирина Шајк не е прва: Ова се ангелите кои дефилираа бремени на минати ревии на Victoria’s Secret

Ирина Шајк не е прва: Ова се ангелите кои дефилираа бремени на минати ревии на Victoria’s Secret

Ирина Шајк привлече огромно внимание откако неколку часа по овогодишната ревија на Victoria’s Secret стана јасно дека дефилираше во блажена состојба.

Ирина Шајк

30-годишната Русинка, која го очекува своето прво дете со актерот Бредли Купер, не е првата убавица која била дел од големото шоу за време на бременоста.

Во 2011 година, Алесандра Амбросио беше во ЧЕТВРТИОТ месец од бременоста кога зачекори на пистата со крилја тешки 14 килограми и во два други костими. Никој не знаеше дека Амбросио е трудна со второто дете, а нејзината фигура не ја издаде слатката тајна.

Алесандра Амбросио Алесандра Амбросио Алесандра Амбросио Алесандра Амбросио Алесандра Амбросио

На истата ревија уште еден ангел носеше нов живот. Лили Олдриџ беше во првиот триместар од бременоста.

Лили Олдриџ Лили Олдриџ Лили Олдриџ

Во 2013 година бремената Дауцен Крус носеше три костими на ревијата во Њујорк. Крус сподели дека ќе има второ дете три месеци по шоуто на VS.

Дауцен Крус Дауцен Крус Дауцен Крус Дауцен Крус Дауцен Крус Дауцен Крус

Се шпекулира дека Ирина е во вториот триместар од бременоста, но сè уште нема официјална потврда од нејзина страна.

Ирина Шајк Ирина Шајк Ирина Шајк

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11101 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.