Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Имаме чиста, вистинска љубов“: Џенифер Лопез позираше во својот дом, зборуваше за врската со Алекс

„Имаме чиста, вистинска љубов“: Џенифер Лопез позираше во својот дом, зборуваше за врската со Алекс

Џенифер Лопез ги отвори вратите од својот дом во Хемптонс за Hola. 48-годишната ѕвезда сними фотосесија за септемвриското издание на списанието и зборуваше за нејзините успеси и врската со Алекс Родригез.

Атрактивната пејачка и актерка го опишала овој период од нејзиниот живот како „Златна ера“.

„Чувствувам дека блескам повеќе отсекогаш, дека сум подобра како личност, како ќерка, мајка, пријателка и партнерка. Сакам да сум подобра. Тотално се прифаќам себеси. Не сум тука за да бидам совршена и не сум тука за да бидам ништо друго, туку најдобрата јас, што и да значи тоа за мене“ – изјавила славната музичарка.

Џенифер Лопез

„Јас сум во добра врска. Чувствувам како да можам да го кажам тоа за првпат. Не дека сум немала прекрасни врски, полни со љубов и авантура, но ова е првата врска во која сум била, а во која и двајцата се подобруваме еден со друг. Се надополнуваме и навистина имаме чиста, вистинска љубов. Сакаме да се поддржуваме и да се усреќуваме еден со друг“ – рекла Лопез за Родригез, со кого јавно откри дека е во врска во март оваа година.

Џенифер Лопез

Џеј Ло признала и дека смета дека подобро пее на шпански отколку на англиски. „Се чувствувам покомфорно на англиски... Но, обожавам да пеам на шпански. Нешто го прави поромантично и пострастно и тоа е важен дел од мене. Чувствувам дека пеам подобро на шпански“ – додала таа.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10494 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.