Криси Тиген и Џон Леџенд го изненадија светот со веста дека нивното семејство се прошири со уште еден член.
37-годишниот поранешен модел и 44-годишниот пејач му посакаа добредојде на овој свет на нивното четврто дете, синот Рен Александар Стивенс. Бебенцето се роди пред 10 дена од сурогат-мајка, а неговото средно име е инспирирано од нејзиното име – Александра.
Парот сподели неодоливи фотографии, а на една од нив Криси ѝ го бакнува стомачето на Александра.




Откако паметам за мене, отсекогаш сакав четири деца... По загубата на Џек, не мислев дека ќе можам да износам уште мои бебиња. Во 2021 година, контактиравме со агенција за сурогати и нашето барање во првата кореспонденција беше да имаме 2 тандем сурогати, за секоја од нив да ни донесе здраво момче или девојче. На некој начин близнаци?!
На почетокот од тоа наше патување, му реков на Џон дека сакам да носам бебе само уште еднаш. Ако не функционира, ќе бидеме ОК. Веќе го видов најлошото. Ветив дека ќе бидам ОК што и да се случи. Се сеќавам дека реков дека не можам да продолжам прашувајќи се цел живот дали требаше да пробам пак.
И така го обновивме ин витро процесот, истиот процес кој ни ги даде прекрасните Луна и Мајлс. Направивме нови ембриони. Го направивме трансферот и бевме многу среќни кога научивме дека функционираше – бев бремена со нашето мало девојче, Ести.
Криси раскажа и како ја запозна Александра, која веднаш посакала да биде дел од нивниот живот.
„Сакаме да ти се заблагодариме за овој неверојатен подарок кој ни го даде, Александра. Исто така сме пресреќни што споделуваме со светот дека тој е тука, со име засекогаш поврзано со тебе, Рен Александар Стивенс“ – додаде таа.
Пред само неколку месеци Криси и Џон ѝ посакаа добредојде на ќеркичката Ести. Тие исто така се родители на 7-годишната Луна и 4-годишниот Мајлс.


Пред две години, Криси го изгуби синчето Џек во 20-тата гестациска недела. На почетокот таа објави дека станува збор за спонтан абортус, но подоцна откри дека имала абортус кој ѝ го спасил животот.