Како и секоја друга година, Изабел Голарт и Кевин Трап го дочекаа Божиќ на плажа на островот Свети Вартоломеј.
38-годишниот поранешен ангел на Victoria’s Secret и 32-годишниот голман беа „уловени“ од папараците додека се обидуваа да направат совршена божиќна честитка за Instagram. Подоцна, двајцата ја споделија истата на популарната социјална мрежа и напишаа:
„Со љубов, од Свети Вартоломеј ви посакуваме на сите среќен Божиќ“.








Парот сподели и фотографии од процесот на создавање на честитката.







Изабел и Кевин се заедно од 2016 година, а се верија во 2018 година.








