Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Зависноста од лекови ја убива Линдзи Лохан

Зависноста од лекови ја убива Линдзи Лохан

Линдзи Лохан

Мајкл Лохан, таткото на Линдзи, е загрижен за здравјето на својата ќерка. Во ексклузивно интервју за интернет сајтот RadarOnline тој изјавил дека Линдзи е зависна од лекови и дека сè ќе направи за да ѝ помогне.

„Ќе ја тргнам од нејзината зависност од лекови. Мразам кога луѓето зборуваат за зависност од илегална дрога, затоа што не само алкохолот и илегалната дрога можат да предизвикаат смрт. Лековите на рецепта можат да уништат и убијат една личност и понекогаш е потешко да се одвикнете од нив. Видете што се случи со Леџер и Мајкл Џексон“ – изјавил Мајкл Лохан.

Таткото на Лохан, кој во минатото ја има почувствувано зависноста на своја кожа, е шокиран од тоа колку е изменета неговата ќерка поради лековите.

„Таа е друга личност. Кога ќе ја прегрнеш е како отсутна. Таа не е детето што јас го пораснав.“

Единствената причина поради која сега решил да зборува јавно е тоа што е сериозно загрижен за здравјето на младата актерка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11064 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.