Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ејми Адамс со ќеркичката и сопругот на примањето на ѕвездата на холивудската Патека на славните

Ејми Адамс со ќеркичката и сопругот на примањето на ѕвездата на холивудската Патека на славните

Ејми Адамс беше почестена со 2.598-мата ѕвезда на холивудската Патека на славните. На церемонијата, 42-годишната актерка ја доби поддршката од своето семејство, пријателите и колегите.

Покрај својата ѕвезда, Адамс гордо позираше со шестгодишната ќеркичка Авијана и сопругот Дарен.

Ејми Адамс со семејството Ејми Адамс со семејството Ејми Адамс со семејството Ејми Адамс со семејството Ејми Адамс со семејството Ејми Адамс со семејството

За својот голем ден, холувидската ѕвезда избра црн фустан од Армани. Минималистичката креација таа ја искомбинира со златни сандали од Кристијан Лобутин и накит од Нил Лејн.

Ејми Адамс со семејството Ејми Адамс со семејството Ејми Адамс со семејството

Титулата ѝ ја додели нејзиниот добар пријател и колега Џереми Ренер. „Ејми, ти досега беше позната како почитувана уметница, наградувана актерка, прекрасна сопруга и супер родител. Денес ти добиваш уште една титула. Ти си зацементирана како легенда меѓу легендите. Ти си ѕвезда, гениј, но најважно од сè, ти секогаш ќе бидеш моја пријателка. Те сакам и ти честитам“ – рекол Џереми во својот говор.

Ејми Адамс со семејството Ејми Адамс со семејството Ејми Адамс со семејството Ејми Адамс со семејството Ејми Адамс со семејството

„Сакам да ја искористам оваа можност за да ви кажам на сите колку многу ве сакам. Вие сте најдобри. Искрено, никогаш не очекував дека ќе имам пријатели и семејство кои ќе стојат до мене и ќе ме поддржуваат и кои ќе дојдат денес тука да прослават со мене“ – изјавила Ејми.

Ејми Адамс со семејството Ејми Адамс со семејството Ејми Адамс со семејството Ејми Адамс со семејството Ејми Адамс со семејството Ејми Адамс со семејството

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.