Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ешли Грем се породи: Најпознатиот модел со облини се породи дома и роди близначиња

Ешли Грем се породи: Најпознатиот модел со облини се породи дома и роди близначиња

Ешли Грем објави дека ги донесе на овој свет нејзините близначиња.

Најпознатиот модел со облини се породи во домашни услови и роди „здрави и среќни“ машки деца. „Со Џастин сме возбудени што споделуваме дека нашите момчиња се тука. Тие се родија дома и се среќни и здрави. Ќе си одделам време за да закрепнам и да се поврзам со сопругот и трите синчиња, но со нетрпение чекам да споделам повеќе со вас. Со љубов, Ешли“ – напиша таа.

Ешли исто така е мајка на Исак. Својата втора бременост таа ја документираше со фотографии кои ги споделуваше на социјалните мрежи. Нејзините синчиња се родија во 40-тата недела, што е многу ретко за близначка бременост.

На претпоследната фотографија објавена пред породувањето, таа напиша: „Термините за породување се само нагодување, бебињата секогаш доаѓаат на нивните родендени“.

Ешли и нејзиниот сопруг Џастин стапија во брак во 2010 година, а нивниот прв син се роди на 18 јануари 2020 година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12015 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.